
Нобеловата награда за литература за 2022 година и е доделена на француската писателка 82-годишната Ани Ерно, соопшти во четвртокот Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија.
Писателката е наградена за „храброста и хируршката прецизност со која го изложува потеклото, отуѓувањето и колективната рамка на личната меморија“, се вели во образложението на одлуката.
Ерно во изминатите години постојано беше вбројувана меѓу најверојатните кандидати за Нобеловата награда.
Делата на Ерно главно имаат автобиографски карактер и се сметаат за класиците на француската книжевност.Ерно, седумнаесеттата писателка која ја доби Нобеловата награда, во кусата изјава за шведската телевизија рече дека нарадата ѝ претставува „голема чест и одговорност“.