
Периодот што следи ќе биде многу тежок за државата, но излезот и стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава го гледаме во регионалното вмрежување и во помош во рамки на иницијативата Отворен Балкан, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски.
– Договорот, што се уште е во подготовка, Србија да ни помага со природен гас, а ние да ѝ помогнеме со струја, иако не е направен во рамки на Отворен Балкан го гледаме како шанса за енергетска стабилност на земјава. Сепак, тука сакам да истакнам дека Србија е во теснец во договорот со руски Гаспром, бидејќи овој енергетски гигант ги бара сите детали – од испорачувањето на енергенсот, па се до тоа кој ќе биде последниот корисник. Тука постојат правни дилеми кои се обидуваме да ги пребродиме со цел граѓаните, но и компаниите да бидат задоволни, а државата да го преброди овој тежок период, потенцира Пендаровски во интервју за „Слободен печат“.