
„Знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ, во гостување во централниот дневник на ТВ Сител.
Димовски додаде дека ова што Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ прво ќе го анализира и во среда на Економиско социјалниот совет ќе даде свои препораки и барања. Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.
„Во овие барања премиерот рече, никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати?“, рече претседателот на ССМ.
Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.
„Една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат минималната синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот. Дали ова е доволен показател дека требаше во овие мерки од 350 милиони евра, да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.