
Најмалку 22 луѓе ги загубиле животите а уште други 52 лица се водат како исчезната по поплавите коишто ја зафатија венецуелската Арагва, извести во неделата потпретседателката Делси Родригез.
„Имаше голем одрон на земјиштето… во централниот регион Техерија пет вододелници се излеаја од коритата има значителни жртви. Моментално се пронајдени 22 загинати, а уште 52 лица се исчезнати“, изјави Родригез за телевизискиот канал VTV.
Обилните дождови на северот на Венецуела беа предизвикани од ураганот Хулија кој мина преку Карипското Море. Викендов по наредба на претседателот Николас Мадуро, во сојузната држава Арагва започна голема операција на пребарување и спасување во која се ангажирани вооружените сили на Венецуела.