
Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно и свежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 8 и 15 степени, а максималните дневни соодветно ќе се искачат меѓу 10 и 19 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, како и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура достигна 12 степени, додека во текот на денот минимално ќе се зголеми до 16 Целзиусови степени.