
Соединетите држави ќе ја забрзаат испораката на напредните противвоздушни системи NASAMS на Украина, изјави во вторникот портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Курби, по разорното руско ракетирање на градовите во Украина во кои се уништени воени командни центри и разорена енергетската инфраструктура на земјата.
Претходно во понеделникот ноќта Белата куќа извести дека американскиот претседател Џо Бајден му ветил на украинските претседател Владимир Зеленски дека САД на Киев ќе му испорачаат напредни противвоздушни системи.
САД досега одобри вкупно осум Национални напредни ракетни системи земја-воздух (NASAMS), се очекува дека два система ќе бидат испорачани наскоро, а дека преостанатите шест ќе му бидат дадени на Киев во подолг период.
„Мислам дека сме на добар пат да ги добиеме првите два во блиска иднина. Моментално сме заинтересирани за забрзување на испораките на NASMAS за Украина што е поскоро можно“, изјави Кирби во текот на брифингот за медиумите.
На крајот од септември, портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, оспорувајќи ги извештаите според кои Киев веќе ги примил таквите системи, изјави дека САД нема да започнат со испорака на споменатиот противвоздушен систем барем уште два месеца.