
Најмалку 43 луѓе ги загубиле животите во големите свлечишта предизвикани од силните врнежи и поплавите кои ја зафатија венецуелската сојузна држава Арагва а повеќе од 50 се водат како исчезнати, соопшти претседателот Николас Мадуро.
„Пронајдени се телата на 43 луѓе, Господ да ги благослови. Досега 56 лица се водат како исчезнати“, рече левичарскиот претседател Мадуро за новинарите.
Обилните дождови предизвикани од ураганот Хулија кој минува преку Карипското Море, изминатиот викенд ја зафатија северна Веленциела. Викендов по наредба на претседателот Мадуро, во сојузната држава Арагва започна голема операција на пребарување и спасување во која се ангажирани вооружените сили на Венецуела.
Мадуро, исто така, наложи исплата на помош за граѓаните кои погодени од невремето, како и за претприемачите кои ги загубија своите бизниси.
Спасувачите работaт на расчистување на камењата и калта од улиците на северноцентралниот град во Венецуела во вторникот, три дена откако беше погоден од масивното и смртоносно лизгање на земјиштето, и ја проширија потрагата по тела затрупани под тињата.
Властите во Лас Техеријас предупредија дека бројот на загинатите може да се зголеми уште повеќе, бидејќи телата се наоѓаат низводно од најтешко погодените населби. Екипите го проширија својот периметар за пребарување за да ја опфатат таа област, покрај река која се наоѓа на околу два километра надвор од градот.