По несреќата на трката во Португалија почина холандски мотоциклист Стиман

Холандскиот мотоциклист Виктор Стиман почина по несреќата во етапата од првенството во класата Supersport 300 одржана во Португалија, соопшти во вторникот на својата веб-страница Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM).

Несреќата во којашто учествувале неколку возачи се случи во саботата 8-ми октомври на патеката во португалски Алгарве. Лекарската екипа му пружила итна помош на Стиман на самата патека, а потоа биле префрлен во локалниот медицински центар, пред да биле пренесен со хеликоптер во болницата во градот Фаро. За жал, лекарите не успеале да го спасат 22-годишникот кој претрпел фатални повреди.

„Се случи она од што родителите на секој мотоциклист секогаш стравуваат. Нашиот Виктор не можеше да победи во оваа последна трка. И покрај неподносливата загуба и тага, многу сме горди што нашиот херој успеа да спаси пет луѓе по неговата смрт со донирање на неговите органи. Сакаме да им се заблагодариме на сите кои беа со нас изминатите неколку дена. Многу ќе ни недостига нашиот Виктор“, се вели во соопштението на семејството на спортистот.

Во тековната сезона 2022-та, Стиман го држеше второто место во генералниот пласман за мотоциклисти во споменатата класа.