Германија ја критикува Србија поради визниот режим кој поттикнувал илегални миграции

EPA-EFE/TOMS KALNINS

Во Берлин растат критиките кон визната политика на Србија којашто предизвикувала засилен прилив на мигранти во Германија, а најмалиот партнер во власта Либерално-демократската партија (FDP) во петокот поради тоа побара замрзнување на преговорите со Србија за членство во Европската унија.

„Србија испраќа многу лица од земји како Индија, Бурунди и Тунис во Европската унија. Имајќи го тоа предвид сметаме дека преговорите за членството на Србија во ЕУ треба да биде ставено под мраз. Една од причините поради која сѐ повеќе и повеќе луѓе бараат заштита во ЕУ е и политиката на Србија којашто дозволува влегување во земјата на лица надвор од ЕУ, кои потоа ги испраќа натаму кон ЕУ“, вели Константин Куле потпретседател на пратеничката група во FDP.

Додава и дека „српската влада создава човечко патење и цели на дестабилизацијата на Европа.

Во разговорот за неделникот Der Spiegel ја критикуваше и близината на Белград и Москва. „Државата којашто ја брани и оправдува агресорската војна против друга европска држава не смее да биде членка на Европската унија“, вели Кухле.

Србија, инаку, не воведе санкции против Русија по почетокот на војната во Украина, но во Генералното собрание на ОН се придружи на земјите кои ја осудуваат руската агресија и анексија на украински територии.

И германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во петокот ја повтори критиката на сметка на српската визна политика.

„Србија мора својата визна политика да ја прилагоди на онаа во Европската унија“, изјави Фезер на маргините од средбата на министрите за внатрешни работи во Луксембург.

Министерката ги критикуваше и наводните мотиви коишто стоеле зад таквата визна политика на Белград.

„Таа политика се ориентира на тоа која земја не го признала Косово. Тоа е неприфатливо“, рече Фезер.

Министрите за внатрешни работи на 16-те германски сојузни покраини претходно седмицава, на кризниот состанок поради драстичниот прилив на бегалци, бараа притисок врз Србија да ја примени својата визна политика, како една од причините за повторното масовно доаѓање на бегалците преку ткн Балканска рута.