Британското разузнавање тврди дека руските војници сами ги купуваат панцирите

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај, кои инаку од почетокот на војната во Украина се доживуваат како дел од специјалната војна против Русија, а во саботата нивниот фокус е на руските резервисти, поради очекувањата дека овие сили ќе помогнат во утврдувањето на заземените позиции во Украина а што ќе им овозможи на професионалните редовни единици и специјалците да преземат нови операции.

„Контингенти мобилизирани руски резервисти се распоредени во Украина во последните две недели“, се вели во воведот на соопштението објавено на Twitter.

„Нивното просечно ниво на лична опрема е речиси сигурно пониско од и онака лошата понуда на претходно распоредените трупи“, продолжи тој.

Понатаму, Британците пишуваат дека мобилизираните Руси треба сами да купат воена опрема. Ова првенствено се однесува на панцирните елеци, особено на модерниот елек 6B45. Наменет е како дел од воената опрема, но многу војници не ја добиле од армијата туку мораат сами да ја набават.

Така, овој елек се продаваше онлајн за околу 640 долари. Тоа е значително повеќе од 190 долари што ги чинеше во април.

Во 2020 година, руските власти објавија дека 300.000 комплети „ратник“ биле доставени до руската војска. Станува збор за лична опрема за армијата, која вклучува панцир. Оние наводно испорачани 300.000 комплети се доволни за армијата стационирана во Украина.

„Ендемската корупција и лошата логистика остануваат една од основните причини за лошите резултати на Русија во Украина“, се заклучува во британското соопштение.