Кина не исклучува употреба на сила за решавање на проблемот со Тајван

Кина не ја исклучува користење сила за решавањето на тајванското прашање, но само против поддржувачите на островот и силите кои се мешаат однадвор., предупреди во саботата Сун Јели, портпарол на 20-от конгрес на кинеската владејачка Комунистичка партија.

„Не ветуваме дека ќе се откажеме од употребата на сила и ја задржуваме можноста да ги преземеме сите неопходни мерки против мешањето на надворешни сили и екстремно малиот број сепаратистички сили кои се залагаат за независност на Тајван, како и против нивните сепаратистички активности“, изјави Сун на прес-конференцијата во пресрет на започнувањето на важниот конгрес на највисоките тела на кинеските комунисти.

Портпаролот истакна дека тоа во никој нема да биде насочено против населението на островот кој Кина го смета за своја одметната покраина, бидејќи целта на Пекинг е да ја зачува перспективата за мирно обединување и да го промовира мирниот процес на реинтеграција на Тајван кон континенталната матица.

Официјалните односи меѓу централната власт на во Пекинг и Тајван се прекинати во 1949 година откако силите на Куоминтанг предводени од Чанг Кајшек, поразени во граѓанската војна со Комунистичката партија на Кина, се засолнија на островот.

Деловните и неформалните контакти меѓу териториите беа обновени кон крајот на 1980-те. Од почетокот на 1990-те, двете страни почнаа да контактираат преку невладини организации – Пекингската асоцијација за развој на односи преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот од Тајпеј.