
Фудбалерите на Лориен ја испуштија историската можност барем привремено да го запоседнат врвот на францускиот шампионат откако во рамките на 11-то коло на домашен терен одиграа без голови со Ремс.
Лориен разочара бидејќи не успеа да искористи предност од два играча. Дион Лопи на почетокот на вториот дел доби црвен картон, а Емануел Агбаду исто така беше исклучен во судиското продолжение.
Со овој резултат Лориен остана на второто место со 26 бодови, колку што има и водечкиот Парис Сен Жермен пред дербито со третопласираниот Олимпик Марсеј во недела. Ремс моментално е 14-ти со девет бодови.
Во вториот саботен натпревар Ланс на свој терен со голот на Весли Саид во 67 минута го совлада Монпелје. Ланс моментално е трет со 24 бодови, а Монпелје е 10-ти со 12 бодови.
Во недела играат Тулуз – Анже, Оксер – Ница, Нант – Брест, Рен – Лион, Троја – Ајачо, Монако – Клермон и дербито ПСЖ – Марсеј.