
Фудбалерот на англискиот великан Манчестер Јунајтед, 21-годишниот Мејсон Гринвуд, во саботата повторно е уапсен повторно под сомневање дека ги прекршил условите под кои со кауција е пуштен на слобода, откако во јануари годинава е осомничен за напад, силување и закана со убиство.
Според извештајот на BBC, Гринвуд бил уапсен во неговиот дом во Боудон, предградие на Манчестер.
Претставник на манчестерска полициска управа изјави во соопштение за медиумите дека „во саботата е извршено апсење на 21-годишно момче, поради обвинување за кршење на условите за кауцијата и додава дека „истрагата е во тек“.
Откако во јануари на социјалните мрежи беа објавени фотографии и видео-снимки поради кои Гринвуд беше уапсен, Манчестер Јунајтед веднаш го суспендираше младиот фудбалер на неодредено време.
Гринвуд ја мината академијата на Јунајтед, а за првиот тим дебитираше во 2018 година. Ги мина сите репрезентативни селекции и впиша еден настап за селекцијата на Англија.