Во акциска контрола во угостителски објекти две лица приведени, најдена марихуана

Изминатата ноќ кон саботата во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, приведени се две лица, Д.Р. на 20 години од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и 18-годишната С.П. од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници.

Затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти по 00.00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација.

За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.