
ОВЕН
Околу вас се трупа хаос а вие немате нималку контрола над него. Стагнирате на местото каде што се најдовте, но не губете надеж. Сево ова што се случува денеска, во суштина, отвора поволни можности за коишто веќе, некаде во себеси, имате силно чувство.
БИК
Се заплеткавте во маѓепсан круг. Решението е точно пред вашиот нос, но тврдоглаво се држите за старата приказна која ја оправдува целата блокада во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на вашите најблиски, правите превид дека вие сте креаторот на вашата среќа, а не тие.
БЛИЗНАЦИ
Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Внимавајте, мора да бидете свесни дека ако го направите ова, влегувате во сосема нов живот по кој нема враќање назад. Размислете дали тоа е токму она што го сакате.
РАК
Вие сте под голем притисок и се очекува да спроведете непопуларни мерки. Со вашето присуство нема да можете да спречите живи дискусии во кои ќе има остри зборови. Заземете став и кажете го она што го имате без многу зборови.
ЛАВ
Нешто важно на што сте работеле добива нова форма. Инсистирањето на подобрување на комуникацијата може моментално да ви го одвлече вниманието и да ве натера да направите превид во важен момент. Бидете внимателни во сообраќајот, особено ако сте возач.
ДЕВИЦА
Можна е понуда за партнерство од влијателна личност која се враќа во вашиот живот како некој од кој некогаш сте научиле многу. Можеби идејата не ви изгледа привлечна, бидејќи не нуди брз успех. Не двоумете се, бидејќи таква шанса ќе чекате долго време.
ВАГА
Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба да мерите праведно. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.
ШКОРПИЈА
Пред вас се пријатни деловни разговори. Иако правевте некои потези во тајност, вашата напорна работа и посветеност на работното место не останаа незабележани. Од друга страна, малото заострување на односот со саканата личност е минливо, па препорачливо е воопшто да не обрнувате внимание на тоа.
СТРЕЛЕЦ
Бегате од реалноста препуштајќи се во сферата на мечтаењето и соништата. Погрешно ја протолкувате љубезноста на личноста која ви испраќа сигнал дека ве почитува со своето добронамерно однесување, а сметате дека изгледот е флертувачки и најава за љубовна авантура.
ЈАРЕЦ
Вашето присуство е пожелно на секоја забава. Од вас зависи дали сакате да ја искористите вечерта и да ја запознаете личноста која сака да ви се доближи. За да ја комплетирате атмосферата, совладајте ја својата духовитост за да не оставите впечаток на несериозна личност.
ВОДОЛИЈА
Мала пауза многу ќе ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е поддржано од вниманието на саканата личност која несебично ве опсипува денеска. Уживајте во вашата скапоцена пауза, ќе ви треба многу кондиција за обврските што претстојат.
РИБИ
Неповолни деловни вести пристигнуваат од пријател или долгогодишен соработник кој се наоѓа далеку во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е толку црно како што прво мислевте. Очекувајте пријатно изненадување во љубовта.