
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:
На ден 18.10.2022 година (вторник), поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. Букурешка 103, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. Букурешка и дел од улиците: Париска и Прашка. (Општина Карпош).
На ден 19.10.2022 година (среда), поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 08:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Батинци и Љубош. (Општина Студеничани).