
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска нагласи дека Русија извршила низа напади со беспилотни летала и ракетни врз неговата земја, но дека нападите нема да ги „скршат“ Украинците.
„Цела ноќ и цело утро, непријателот го тероризира цивилното население. Беспилотни летала и ракети камикази ја напаѓаат цела Украина. Непријателот може да ги нападне нашите градови, но нема да може да не скрши“, рече тој.