Дрога откриена во Битола и Прилеп, приведени три лица

На 18.10.2022 на улицата „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И. на 47 и Г.Т.на 46 години, двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога.

На 18.10.2022 во 01.10 часот од улицата „Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода 20-годишниот Р.С. од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.