
Откако АД Макпетрол денеска соопшти дека АД ЕСМ не му доставил понуда за набавка на гас за скопските топланите, а рокот бил до 17 октомври, од АД ЕСМ се јавија со соопштение дека денеска испратиле допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ. Со него е побарано до 20.10.2022г да им се достават понуди за гас за периодот ноември-април.
„Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции. Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нм3 природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ-ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со истата“, информираа од ЕСМ.