Сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се против промена на Уставот

Разговори со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема затоа што сите знаат кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и сите 44 пратеници, ни еден од нив не е подготвен да гласа за промена на Уставот. Тоа е прво, и второ, бидејќи разговори нема и власта се удри во ѕид со францускиот предлог и имајќи предвид дека тонат тие создаваат лажни вести, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ што се емитува на ТВ Канал 5.

Оттука според него лажни вести создава премиерот и министрите, а тоа е пораз за демократијата.

Николоски е дециден: „Ниту се разговара со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, ставот е јасен поддршка за усатвни промени нема“.

„Криза ние имаме сега бидејќи тоа што Бугарија го сонуваше сега го доби во документ и нивните позиции се во официјални докумени на ЕУ и Македонија е во магичен круг, a изборот е народот да се бугаризира или државата да не преговара за ЕУ.
Ова како поклон им го дадоа СДС и ДУИ и нека не лажат Македонија не преговара“, вели Николоски.

Според него степенот на корупција е многу висок и не може да се реши до 2030 година, а, исто така,  ЕУ нема апетит и намери за проширување.

„Тоа е нереална и нечесна манипулација со јавноста“, вели Николоски.