
Цените на нафтата се стабилизираа во средата на нивото над 90 долари за барел, бидејќи вложувачите го проценуваат падот на залихите во САД кој сигнализира стесното снабдување и навестувањето на слабостите на кинеската економија и падот на цената на гасот во Европа.
Цената на барелот со роковите со испораки во декември на лондонскиот пазар беше повисока за 30 ценит отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 90,33 долари. Вчера го заклучи тргувањето во минус од 1,59 долари.
На американскиот пазар со барелот со рокови на испораките во декември, денеска се тргуваше по 34 центи повисока цена од 82,41 долари. Вчера го заврши тргувањето во минус од 2,64 долари.
Во одвоениот извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави денеска дека барелот на кошницата референтна нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 92,16 долари, што значи дека бил поевтин за 1,98 долари.
Пазарите во вторникот ги затресе информацијата дека американскиот претседател Џо Бајден би можел на пазарите да пласира уште барели од стратешките резерви за да го заузди растот на цените во пресрет на изборите за Конгресот во ноември.
Тег за цените беше и падот на големопродажните цени на гасот во Велика Британија и Холандија оваа седмица поради благите температурите, полните складиште и големиот број танкери со течен природен гас (LNG) кои немаат каде да го истоварат товарот бидејќи во Европа нема доволно капацитети за складирање.
„Изгледите за европските цени на гасот во претстојните месеци се влошени, а со нив и изгледите за премин од гасот на нафта“, вели за Reuters Стефан Бренок аналитичар во PVM.
Трговците ги загрижува и состојбата во кинеската економија поради строгите мерки за сузбивање на Covid-19. Кина оваа седмица изненади со одложувањето на објавувањето на податоците за бруто домашниот производ (БДП), па вложувачите стравуваат дека извештаите ќе покажат слаб раст на активностите.
Сепак, се појавија најави за заживување на кинеската побарувачка на нафта, па така приватната рафинерија „Zhejiang Petrochemical“ (ZPC) и државната „ChemChina“ добија дополнителни увозни квоти.
Поддршка на цените им пружа скорото стапување на сила на ембаргото од ЕУ на увозот на руската нафта и дериватите, во декември односно февруари, и намалувањето на производството од OPEC и сојузничките големи независни произведувачи предводени од Русија (OPEC+), од ноември за два милиона барели дневно.
„Имајќи предвид дека цената на лондонскиот пазар се стабилизираа околу нивото од 90 долари, а на американскиот меѓу 80 и 85 долари, мора да се запрашате што земјите од OPEC+ ќе мислат за состојбата на пазарот и дали можеби ќе разгледаат натамошно намалување на производството“, оценува Крег Ирлам аналитичар OANDA.
„Сметаме дека цените во следните месеци би морале да пораснат над 100 долари по барел за растот на побарувачката да забави и да се обнови рамнотежата меѓу понудата и побарувачката, имајќи го предвид дека залихите на нафтата се на најниското нови по повеќе години“, велат во белешката аналитичарите на UBS.
Поддршка на цените им пружи и падот на залихите на сирова нафта во САД минатата седмица, за околу 1,3 милиони барели, според извои од пазарите кои се повикуваат на бројките од Американскиот институт за нафта. Владата податоците би требало да ги соопшти подоцна денеска.