
Во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа се случи на патот Штип-Кочани повредени се три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во несреќата, која се случи кај Чифличка крстосница во 20:45 часот, повредени се тројцата возачи, кои учествувале во несреќата.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје.