
Дури за 50 години земјава би можела да му се приклучи на европското семејство, предвидува Институтот за европска политика на Косово (ЕПИК), а како што наведуваат истражувачите, резултатите се базирани според брзината со којашто земјите од Западен Балкан ги спроведуваат реформите.
Според проекцијата, најблиску до членство во Европската Унија е Црна Гора за која се предвидува дека ќе ѝ бидат потребни 45 години за да стане полноправна членка на ЕУ.
Второто и третото место го делат Македонија и Србија за кои е предвидено дека во 2072 година ќе станат дел од Унијата.
На четврто место е Албанија – 60 години, на петтото место е Косово – за 75 години, а на последното место се наоѓа Босна и Херцеговина за која членството во Унијата се предвидува дека ќе се случи за 80 години, односно во 2102 година.