
Кинескиот премиер Ли Кечијанг и тројца други членови на Постојаниот комитет на Политбирото, највисокото тело на владејачката Комунистичка партија за креирање на политиките, не влегоа во новоизбраниот Централен комитет во саботата.
Повеќе од 2.000 делегати на партискиот конгрес во Пекинг, кој се одржува на секои пет години, избраа Централен комитет во кој има 205 членови и 171 заменик. Ли Кечијанг, кој има 67 години, 72-годишниот Ванг Јанг и 68-годишниот Хан Женг, припадници на седумчлениот Постојан комитет, изоставени се од новиот Централен комитет. Ли Жаншу и Хен Женг според правилата би требало да бидат пензионирани поради нивната возраст.
Централниот комитет ќе се состане во неделата зад затворени врати на својата прва пленарна седница или пленум, за да се гласа за составот на новото Политбиро, кој по правило се состои од 25 членови и Постојаниот комитет.
Во составот на се ниту 64-годишниот Ји Ганг, гувернер на кинеската централна банка, и 66-годишпниот Хуо Шучинг, претседавач со агенцијата за регулација на банкарскиот и осигурителниот сектор. Заменикот на премиерот, 70-годишниот Лиу Хе, кинеските економски експерт, исто така, не е во составот на новиот Централниот комитет.
Американски CNN објави дека поранешниот генерален секретар на Комунистичка партија на Кина, 79-годишниот Ху Џинтао бил изведен од Големата сала на народите во текот на церемонијата на затворањето на конгресот.
Ху седел на главната маса во Големата сала на народите, покрај претседателот Кси Џинпинг, кога му пришле двајца мажи. Кусо разговарал со нив и, како што наведува CNN, првично се чинело дека одбива да замине. Околностите под кои Ху излегол од салата не се познати.
Генералниот секретар и претседател на Кина, Кси Џинпинг, го затвори во саботата 20-от конгрес на Комунистичката партија и очекува дека ќе го добие новиот петгодишен мандат на местото водач на владејачката партија.