
РИА Новости објави на социјалните мрежи снимка од тенковите во пламен кои на украинската војска ѝ стигнаа од Македонија и од Словенија заедно со НАТО тенкови Т-72.
Станува збор за првиот механизиран баталјон на 28 бригада на украинската војска која дејствувала кај Криви Рог.
Исто така, на снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и борбени извиднички возила БРДМ, исто така во пламен.
Словенија на Украина ѝ даде 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат од Германија доби воена опрема, вклучувајќи 40 камиони.
„Словенија и Германија на тој начин ја поддржуваат Украина“, наведе тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. Македонија исто така на крајот на јули ѝ донираше на Украина тенкови, иако не е прецизирано за колкав број станува збор.
Медиумите потоа соопштија дека станува збор за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.