
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во неделата дека единствено Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа.
Зеленски ги критикуваше наводите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во телефонските разговори со западните колеги за сознанијата дека Украина се подготвува во моменталниот судир се подготвува за провокација со употреба на ткн „валкана бомба“ на територија контролирана од украинската војска за што треба да биде обвинета Русија. Станува збор за конвенционално оружје чиешто јадро е обвиткано со нуклеарен материјал.
„Ако некој може да користи нуклеарно оружје во овој дел од Европа, тоа може да биде само еден извор, и тоа е оној кој му наредил на другарот Шојгу да телефонира таму-наваму“, изјави Зеленски во својата вообичаена вечерна изјава во неделата.
Зеленски додаде дека „телефонското вртење“ на Шојгу ја „разјаснило ситуацијата“.
„Секој совршено добро разбира. Разбира кој е изворот на сите валкани работи кои може да се замислат во оваа војна“, порача украинскиот претседател.