
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја критикуваше во понеделникот неутралноста која ја покажува Израел по почетокот на руската инвазија врз неговата земја, што според него разултирало со „сојузништво“ меѓу Москва и Техеран а се манифестирало со наводната испорака на иранските дронови за руската војска.
„Таков сојуз едноставни не би постоел доколку вашите политичари донесоа исправна одлука во тоа време. А ние ја баравме“, рече Зеленски, кој има еврејско потекло, на прес-конференцијата која ја организираше израелскиот дневен весник Haaretz.
Зеленски тврди без факти дека таквото зближување на Москва и Техеран наводно го овозможила „израелската одлука за тоа да не го попречува Кремљ“ во 2014-та кога руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим по превратот во Киев одлучи да се врати во составот на Русија од која е отцепен во СССР во 1956 година. Украинските претседател рече дека верува оти целта на таквата одлука било зачувување на традиционално добрите односи меѓу Русија и Израел.
„Секогаш кога разговараме за рускиот терор со ракети и дронови, зборувам и за нашите партнери кои веќе ни помагаат на секој начин да го заштитиме нашето небо. За жал, зборовите ‘Израел’ и ‘израелски’ не се слушаат притоа“, вели Зеленски во материјалот кој е објавен и на неговиот Telegram канал.
Од минатата седмица Украина ги интензивираше барањата за израелски противвоздушни системи и проектили, тврдејќи дека Русија наводно изведува напади со ирански беспилотни летала „Шахед-136“. Техеран неколкупати досега негираше дека испорачал во Русија дронови, а Кремљ ги отфрли таквите наводи.
Истакна дека Киев би сакал да добие воена помош од Израел. Зеленски ова го изјави пред одржувањето на парламентарните избори во Израел со неизвесен исход, закажани за 1-ви ноември.
Претходно во понеделникот израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во разговорот со украинскиот колега Олексиј Резников, повторни дека Израел на Украина нема да ѝ испорачува оружје бидејќи постојат оперативни ограничувања. Ганц повторил дека Израел е подготвен на Украина да ѝ помогне во создавање систем за рано предупредување на цивилното население на воздушни удари.
Неговата изјава следува два дена откако Москва го предупреди Израел не би требало на Киев да му испорачува свое оружје.
Израел е внимателен во поглед на односите со Русија, посебно поради соседната Сирија, каде што има воена моќ и никогаш таму испорачаните руски противвоздушни системи не реагираа на израелските воздушни напади врз ирански цели.