Експлозија на автомобил повредени пет лица во областа на Запорожје

Во експлозија на автомобил во близина на зграда на телевизиска куќа во Мелитопол, во областа Запорожје во Украина, повредени се пет лица – вработени во ЗаТВ и граѓани, јавуваат руските медиуми.

Владимир Рогов, член на Главниот административен совет на регионот Запорожје, објави дека во Мелитопол се случил терористички напад и дека, според моментално достапните информации, експлодирала импровизирана експлозивна направа.

Во експлозијата се оштетени фасадата и прозорците на зградата. Службите за итни случаи се на местото на експлозијата.

Рогов рече дека ЗаТВ ќе продолжи да работи.