
Страницата на Агенцијата за катастар на недвижности не е во функција. Граѓаните не можат да пристапат до електронските услуги на Катастарот.
Интересно е што нефункционирање на страната се поклопува со објавата на аферата „Тајни имоти“ која ја започна ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата вчера истакнаа дека 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра и ги повикаа институциите да ги објават за 24 часа.
Бидејќи тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ од денеска започна со објавување детали за аферата, односно имиња на функционери на власта, за кои како што велат од опозициската партија, кријат имот.