
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од населеното место Блага Вода, Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Крушопек, Општина Карпош и Сарај.