
Рускиот претседател Владимир Путин не му го честиташе на новиот британски премиер Риши Сунак преземањето на должноста бидејќи Британија е непријателска земја, соопшти денес Кремљ.
„Велика Британија е меѓу земјите кои спаѓаат во непријателската категорија, така што немаше честитка“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Британија му пружа поддршка на Киев од почетокот на руската воена операција во таа земја.