
Од РЦУК Битола информираат дека ТППЕ Битола интервенира кај ресторанот Кисела Вода во Битола.
Според нив, од 16:27 часот се интервенира со едно пп возило и со пет пожарникари.
До овој момент има пријавено дека има две човечки жртви.
Тие додаваат дека интервенцијата е во тек, а екипите се на терен.