(ВИДЕО) Драма во Мадрид – елиминација на Атлетико со промашен пенал во 98. минута

Исклучително ефикасна вечер во Лигата на шампионите е зад нас во која се постигнаа дури 18 голови.

Барселона го пречека Баерн Минхен во натпревар кој после победата на Интер немаше резултатско значење затоа што со победата на Интер претходно, Каталонците беа испратени во Лигата на Европа.

Со оглед на формата на Барселона, Баерн вечерва беше фаворит и ја оправда фаворитската улога со победа од 0:2. Два гола беа постигнати во првото полувреме, прво Садио Мане го совлада Тер Штеген во 10-тата минута, а конечните 0:2 ги постави Чупо Мотинг после половина час игра. За третиот гол чекавме дури во 95. минута кога погоди Павар.

Наполи продожува да игра одлично, а вечерва совладан беше Ренџерс со 3:0. После подолго време Елиф Елмас се најде во стартниот состав на Лучијано Спалети и на теренот беше до 73. минута. Набрзина два гола за Наполи во 11. и 16. минута постигна Џовани Симеоне. За 3:0 се погрижи Остагрд на десетина минути пред крајот на средбата.

Ливерпул после поразот од Нотингем Форест во Премиер лигата се врати на победите и денес го совлада Ајакс со 0:3. Салах пред крајот на првото полувреме стрелаше за 0:1. Дарвин Нуњез кој во првото полувреме имаше едно огромно промашување веднаш на стартот на второто полувреме зголемува на 0:3. Харви Елиот три минути подоцна погоди за 0:3 и овој резултат се покажа како конечен.

Елиминација во групната даза доживеа Атлетико Мадрид откако вечерва ремизираше со Баер Леверкузен. Тимот на Диего Симеоне со вечерашните 2:2 остана на недостижни четири бода од второтопласираниот Порто. Треба да се спомене дека Атлетико длабоко во судиското продолжение не реализираше пенал, трагичар беше Јаник Караско.

Во најнеизвесната група Тотенхем ремизираше 1:1 против Спортинг. Хари Кејн во самата завршница постигна гол кој ќе значеше дека Тотенхем оди сигурно во нокаут фазата, но истиот беше поништен по реакцијата на ВАР. Во вториот натпревар Ајнтрахт го победи Марсеј со 2:1.

Интересно е што лидер во групата е Тотенхем со осум бода, Спортинг и Франкфурт имаат по седум, а Марсеј четврти со шест. Вистинска драма тука не чека во последното коло…