
Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков” пред амбуланта Бит пазар -Скопје утре и задутре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од амбуланта, зградата на Вардар Мебел, а намален притисок ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 10:00 часот до санирање на дефектот. За време на санирање на дефектот ќе има обезбедено цистерна со питка вода која ќе кружи.