
Италијанските даночни власти го истражуваат профитот пријавен од подружница на американскиот фармацевтски гигант Фајзер, производител на вакцината за Ковид-19, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со ова прашање.
Проверките што ги спроведува финансиската полиција во Рим се административна ревизија, а не криминална истрага, а Фајзер сè уште не е известен за наодите, рекоа два од изворите.
На крајот од постапката, според италијанскиот закон, полицијата мора да ја извести компанијата и државната агенција за приходи за исходот, кои потоа изготвуваат уредба со која се прифаќа проценката и се плаќа проценетиот даночен долг.
– Италијанските даночни власти редовно ги следат и истражуваат даноците што ги плаќа Фајзер и соработуваат во овие контроли и истраги, објави американската фармацевтска компанија.
– Фајзер ги почитува законите и обврските кон италијанските даночни власти, се додава.