
Социјалистичката партија на Македонија искрено ја поддржува иницијативата и чинот на отварањето на Македонскиот културен клуб во Благоевград.
Социјалистичката партија на Македонија без исклучок и со конкретни чекори во минатиот период застана на патот кон остварување на македонскиот национален интерес и правата на Македонците во Бугарија и насекаде низ светот.
Социјалистичката партија на Македонија упатува искрени желби за успешна работа на Македонскиот културен клуб во Благоевград и за цврсто поврзување на Македонците од Бугарија со нивната матица во Република Македонија, во насока на градењето и на националното единство и сплотеност.
Воедно, СПМ очекува дека несметаното работење на Македонскиот културен клуб ќе придонесе за воспоставување на поуспешна соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и на градење односи на доверба, почитување, пријателство и добрососедство меѓу македонскиот и бугарскиот народ.