
Маж во неделата фрлил неколку Молотови коктели врз Центарот за регистрација на мигрантите во јужното англиско пристаниште Довер, а потоа се самоубил.
Агенцијата Reuters, чиј фотограф ja јавил веста, пренесува дека напаѓачот бил белец. Излегол од автомобил и фрлил три шишиња со запалива течност од кои едното не експлодирало.
Потоа дошол на блиската бензинска станица, заврзал импровизирана јамка околу вратот, се закачил за метален столб и остро тргнал при што смртно настрадал, рекол истиот извор.
Полицијата стасала неколку минути подоцна и го оградила подрачјето. Локалната полиција и британското министерство за внатрешни работи засега не го коментираа инцидентот.