
Остатоците од поморските дронови на украинските сили со кои бил изведен нападот врз историското пристаниште не руската Црноморска флота во Севастопол на полуостровот Крим, се пронајдени и подигнати од морето, соопшти во неделата руското Министерство за одбрана и натаму инсистирајќи дека најмасивниот напад од овој вид е изведен со британски воени инструктори и оти најмалку еден таков уред е лансиран од цивилен брод од украински пристаништа.
„По одбивањето на терористичкиот напад од 29-ти октомври годинава врз бродовите на Црноморската флота и цивилните бродови вклучени во осигурувањето на безбедноста на ткн Житен коридор, беа пронајдени и подигнати остатоци од поморските беспилотни апарати употребени од страна на киевскиот режим под водство на британски претставници“, се вели во објавата.
Руското Министерство за одбрана додава дека воените и стручњаци од други владини тела спровеле испитување на модулите за навигација произведени во Канада, а инсталирани на споменатите поморски дронови.
„Врз основа на резултатите од проверката на меморијата од навигацискиот приемник, утврдено е дека лансирањето на поморските беспилотни уреди и извршено од брегот во близина на Одеса“, се додава во објавата.
Лансирање од товарен брод
Руската војска истакнува дека едно до беспилотните летал во нападот врз Севастопол би можело да биде лансирано од цивилен товарен брод кој превезувал земјоделски производи од украинските пристаништа.
„Според експертите, тоа (појдовната точка во зоната на Житниот коридор во Црното Море) може да укаже прелиминарно на лансирање на овој уред од еден од цивилните бродови изнајмени од Киев или од неговите западни патрони за извоз на земјоделските производи од поморските пристаништа на Украина“, соопштија од Москва.
По лансирањето, поморските беспилотни уреди се движеле по безбедносната зона на Житниот коридор, по што ја смениле рутата во правец на руската поморска база во Севастопол, додава руското Министерство за одбрана.
Во саботата истиот извор објави дека во раните утрински часови бил изведен масивен украински напад врз воени цели на Црноморската флота како и врз цивилни пловила во областа на пристаништето во Севастопол, но сите беспилотни апарати биле навремено откриени и уништени. Претходно министерството за одбрана, во нападот биле вклучени вкупно девет беспилотни летала и седум автономни поморски дронови.
Подоцна, воениот оддел соопшти дека Русија го суспендира учеството во ткн Договорот за житарките „по терористичкиот напад“ во Севастопол.