
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл учиниок, овој пат од 31 поен, 16 скока и 10 асистенции, но истиот не беше доволен за неговиот Далас да слави против Оклахома.
Маверикс имаа предност од осум поени во завршните две минути, но успеаја истата да ја испуштат, а во продолжението Тандер славеше со 111-117.
Актуелниот шампион Голден стејт вориорс загуби од Шарлот (113-120) по едно продолжение. Стеф Кари беше најдобар кај „воините“ со 31 поен и 11 скока, но промаши тројка за победа во регуларниот дел од средбата.
Во останатите натпревари:
Сакраменто – Мајами 119-113
Бруклин – Индијана 116-125
Милвоки – Атланта 123-115
Јута – Мемфис 124-123