Сребрени медали за Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на СП во карате

Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ се закитија со сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња, Турција.

Трајковски во категоријата до 84 кг во финалето настапи против Италијанецот Фиоре Матео, додека Стојановиќ во категорија над 84кг со репрезентативецот на Саудиска Арабија, Суфјани Санад.

Ова е досега најдобриот резултат во категорија У21 и воопшто на Светските првенства каде што настапила Македонија.

Со двата сребрени медали нашите каратисти ја освоија 20 позиција од вкупно 1800 натпреварувачи од 105 земји од целиот свет.