
Грчката полиција уапсила 49-годишен маж, кој заедно со уште едно лице се товарат за 44 кражби на гуми, бандажи и делови од паркирани автомобили во Солун во вредност од над 66.000 евра, јави МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека двајцата сторители имале специјална опрема за вадење на гумите и бандажите од автомобилите за да не бидат забележани од минувачите, а од истрагата произлегло дека од крајот на декември 2021 година, главно во ноќните часови, извршиле 44 кражби на гуми, бандажи и делови од паркирани возила пред станбени згради, но и на патишта како во источниот дел на Солун, така и во центарот на градот.
Вкупната вкупна вредност на кражбите, според полицијата изнесува 66.475 евра, а при претресот извршен во домот на 49-годишникот, пронајдени биле голем број делови за автомобили (врати, електрични сензори, камери и сл.) и алат, далечински управувачи за аларми и гаражни порти и голем број клучеви за возила.