Фетбој Слим и Дејвид Гета му прават проблеми на „Гордиот Албион“

Англиската фудбалска репрезентација се најде во необичен проблем во пресрет на почетокот на Светското првенство во Катар.

Играчите и водството на „Гордиот Албион“ во текот на мундијалот ќе бидат сместени во луксузниот хотел „Souq Al-Wakra“, кој се наоѓа на 15 километри надвор од катарската престолнина Доха.

Англичаните овој хотел го избрале поради неговите луксузни содржини и близината на базата за тренинг на екипата на стадионот „Сауд Бун Абдулрахман“. Меѓутоа, весникот The Mirror објави дека во непосредна близина на хотелот ќе се одржи музички фестивал кој ќе трае дури 28 последователни вечери.

На MDLBAST фестивалот во ал-Вакра ќе настапа 56 изведувачи, меѓу кои и Дејвид Гета, Фетбој Слим, Феде Ле Гранд и Бени Бенеси.

Се очекуваат повеќе од 200.000 посетители, а во таборот на европскиот вицепрвак и полуфиналисти од последното Светско првенство во Русија, и се стравува дека буката би можело да го нарушува сонот на англиските репрезентативци.

„Гордиот Албион“ на Светското првенство во Групата Б со селекциите на Иран, Велс и САД.