
Во периодот од 06:00 до 10:00 часот денеска на територија на цела држава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата, информираа од МВР, констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив, две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола…
– Упатени на вонреден технички преглед се 24 возила, се наведува во соопштението од МВР.