Директорите Софијанова и Васев поднесоа оставки по барање на министерот Сали

Директорката на детската клиника, докторка Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, доктор Никола Васев ги депонираа своите оставки на функциите до Министерството за здравство, по барање на министерот Беким Сали.

Нивните оставки се побарани поради непочитување на колективните договори и други забелешки направени од надзорот на Фондот за здравствено осигурување кој, исто така, беше побаран од министерот Сали.

Според информациите од Миниустерството за здравство, станува збор за почетокот на сите ревизии што ќе бидат спроведени во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Од Министерството соопштија дека, согласно законските процедури, јавноста ќе биде навремено  информирана по назначување на нови директори на овие клиники од министерот Сали.