
На 01.11.2022 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари. Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.