
На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија.
Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии.
Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување.
-Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите 500 на Шангајска листа, задолжително има странски јазик (правна терминологија). Искрено се надевам дека нашиот факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма, пишува Дескоски.