
СДС нема план за надминување на кризата, буџетот од 5.3 милијарди покажува само дека ќе не задолжуваат колку што можат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дефицитот кој го проектира владата е рекордни 5%. И истиот е скоро двојно поголем од растот, кој е проектиран на 2.9%.
Ваквиот дефицит во апсолутни бројки е цели 680 милиони евра, тоа се пари кои не се обезбедуваат од приходи, туку со задолжување, кое во период на криза каква што имаме во светски рамки ќе биде се поскапо, односно каматата која ќе се плаќа ќе биде огромна.
Од досегашната пракса на власта и односот со јавните финансии, можеме со сигурност да заклучиме дека ова ќе бидат 5.3 милијарди фрлени на непродуктивни трошоци, без никаков бенефит и без развојна компонента.
Предлог Буџетот на Ковачевски алудира дека не се почитува принципот на финансиска консолидација и дека парите може да се трошат под сомнение за криминал и корупција, се вели во соопштението на партијата.