
Алијанса за Албанците ја пифати поканата од премиерот Димитар Ковачевски и в понеделник ќе учествува на лидерската средба, потврдија од Алијанса за Албанците за „Слободен печат“.
– Алијанса за Албанците е сериозно посветена на евроинтеграцискиот процес и за тоа сме придонеле и во претходните фази, како гласањето за заклучоците за Францускиот предлог. Одлучни сме процесот да го помогнеме до крај – велат од Алијанса за Албанците.
Од партијата додаваат дека сите барања кои ги имаат, вклучително и барањето да се тргне формулацијата „20 отсто“ и таа да се замени со албански јазик, вршителот на должност претседател на партијата Арбен Таравари ќе ги изложи на лидерската средба