Нови пријави за поставени бомби во скопски училишта, евакуација на учениците и персоналот

Повторно денеска се испратени закани за поставени бомби во неколку средни училишта низ Скопје. Дојави за бомби има во училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“, а учениците и персоналот се евакуирани.

Во училиштата се присутни припадници на специјална полиција за антитерористички претраги со експлозивни направи.

Од МВР се очекува официјална информација.