Сончево, кон крајот на денот со зголемување на облачноста а викендов врнежливо

Времето во петокот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, а до крајот на денот ќе биде значително облачно.

Утринските температури се движат во интервалот од 0 до 8 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, со темпеаратура до 22 степени.

Во текот на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.